Пред 16 години „Симпсонови“ ја предупредија Америка за Трамп

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Сценаристот на епизодата на “Симпсонови”, во кој Трамп е избран за претседател, објасни дека го напишал сценариото пред 16 години како “предупредување за Америка”.4719364

Дан Греј, кој ја напишал епизодата “Барт во иднината”, изјави за “The Hollywood Reporter” дека епизодата со изборот на милијардерот за претседател е формирана во 2000 година, за да се олицетвори лудилото на Американците.

По Трамп на функцијата застанува шармантната умница Лиза, сестра на Барт, па дури и таа не може да ги реши катастрофите, создадени од бизнисменот. “Тоа беше предупредување до Америка. Ова е последната станица пред да го удриме дното “, изјави сценаристот.