Состојки:
1 и 1/2 чаша ирско виски
мала кутија засладено кондензирано млеко
2 лажички чоколаден сируп или лажичка течно чоколадо
2 лажички инстантно кафе во прав
1/2 чаша незасладен течен крем
Подготовка:
Во блендер ставете го вискито, млекото, чоколадниот сируп и кафето. Сите состојки се мешаат многу добро, а потоа се пресипуваат во сад.
Кон нив се додава кремот и пијалокот повторно се промешува. Потоа може да се сервира во чаши со мраз, а остатокот да се смести во шише и во фрижидер.
Фото: istock