Иванов го брани изборниот криминал на Груевски затоа што е избран на криминални избори, реагира СДСМ.

„Ѓорѓи Иванов го призна изборниот криминал на Никола Груевски и се вклучи во негова директна заштита. Денеска Иванов намерно не ги спомена организаторите на изборните измами во својата скандалозна изјава. Јасно е зошто Иванов целосно се стави во одбрана на изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Лично тој беше избран на функцијата на криминални, нефер и недемократски избори. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ништо не може да ги спаси од одговорност за изборниот криминал. Секој којшто го прекршил законот ќе одговара“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.