Силен ветер или грешка на пилотот довеле до трагедијата

Според податоците на порталот Flightradar24 кој во реално време ги следи координатите на летовите, авионот Boeing-738 два часа вртел во круг над градот пред да падне. Од менаџментот на руското Министерство за вонредни ситуации за Ростовската област соопштија за “Звезда” дека авионот се распаднал на патеката за слетување. При несреќата преживеани нема.За претходни информации, во авионот се наоѓале 55 патници и членови на екипажот. Вкупно 61 лице. Според првичната верзија, авионот се урнал поради лошите временски услови, имало силен ветер. Можна причина за несреќата е и грешка на пилотот.
