Мартија Станојковиќ „одлета“ во седмиот круг на натпреварувањето на Пинкови ѕвездички, според зборовите на жирито. Таа треба да се телепортира во суперфиналето, рекоа тие.
Таа првин го отпеа хитот „Make it Rain“ до Еd Sheeran, на која песна судиите ги подигнаа своите столици уште од првите неколку одѕвонувања на гласот на кумановското богатство.
Вториот избор беше песната од нејзината омилена Тамара, „Тешко без тебе“. Со оваа изведба 11 годишната Мартија го подигна жирито на нозе во аплауз.
Гоца Тржан ѝ порача дека таа треба веднаш да ја претставува Македонија на Евровизија зашто има сè: убавина, натпросечен глас, однос со камера, настап… кои ги покажува секоја емисија.
(ВИДЕО) Антонија Гиговска со макфестовски хит освои 5 пинкови ѕвездички
Милан пак ѝ порача дека е неверојатен подарок од небо, нејзиниот збир на сите можни таленти врзани со шоубизнисот.
„Нема ништо доволно добро да се каже за твоето пеење“, рече Хари. „Јас сум забезекнат. Секоја чест.“
„Мартија, јас ги гледам сите светски шоуа во пеење, ти би била апсолутна победничка на сите тие. Бидејќи со 11 година со таква техника, став, израз, глас, поглед, ти ги проголтуваш сите песни и нас. Некој од тебе треба да направи Рита Ора. Треба да ја претставуваш Македонија секаде во светот“, рече Леонтина.
А, Јелена го заокружи воодушевувањето со „Ти си најубава кога пееш, така плениш додека пееш и толку е се беспрекорно кај тебе што секој пат ме воодушевуваш. Јас ти посакувам да си најмоќна во светот“.
https://www.youtube.com/watch?v=OKWQZWHBfuM