Светски ден на спиењето

од Vladimir Zorba
81 прегледи

На 19 март го одбележуваме Светскиот ден на спиењето.4721520

“Лека ноќ” е секојдневен стремеж за милиони луѓе низ целиот свет, кои страдаат од проблеми со спиењето. За жал проблемите со спиење се потценета појава и како резултат на тоа не се обрнува потребното внимание на вознемирувачки факт дека недостатокот на добар сон води до сериозни здравствени компликации.

Квалитетот и тонизирианото спиење се од витално значење за психичкото и физичкото здравје, но во денешно време проблемите со спиењето се претвораат во светска епидемија и влијаат врз здравјето и квалитетот на животот на 45% од населението на земјата. Бројни медицински истражувања докажуваат дека недостатокот на добар сон е причина за висок крвен притисок, дебелеење, дијабетес, белодробни болести и др. Со овие аргументи Светската асоцијација за медицина на спиењето го прогласува 19 март за меѓународен Ден на спиењето уште во 2007 година.