Демократскиот сојуз,утре ќе го одржи петтиот Конгрес, на кој се очекува да биде усвоена Изборната програма на Демократскиот сојуз, „Промени, Правда, Прогрес“ за претстојните парламентарни избори.
На Конгресот ќе се избере Централен совет од 80 члена и Претседател на Демократскиот сојуз. На Конгресот се очекува да присуствуваат над 800 делегати, гости и симпатизери на ДС.