Завеси од кадифе, кристални лустери и раскошни гипсени тавани со златно.Тоа се тие – ексцентрични спални на дубајските емири и богаташи.
Дубаи е меѓу водечките економски центри во Блискиот Исток. Финансиските ресурси кои се добиваат од продажбата на нафта и туризам, се толку големи, што овозможуваат на големците да ги реализираат и најголемите соништа.
А, што се однесува до изгледот на спалните, средствата не се бројат.
За ентериерот на неколкуте чудесни спални кои ќе ви ги презентираме, е карактеристично испреплетувањето на аристократски стилови од класицизмот, но со толкувања на модерниот дизајн. Во повеќето од нив задолжително присуствува некој, карактеристичен за Истокот, елемент кој е синтетизиран и деликатно присоединет кон целокупната композиција.
Сметавме дека најимпресивните од сите соби за одмор се двете огромни спални, изградени под вода.
Огромните арки од блиндирано стакло запираат солената вода да навлезе во просторијата. Изградбата на таков тип објект е исклучително скапа, бидејќи изработката на ваков тип стаклени панели и арки, кои издржуваат силен притисок е целосно нарачана. Но чувството да заспиете, гледајќи го морското дно, сигурно е најсоодветната терапија по напорен ден.
Последните два рамки ќе претстават една атмосфера на арапски модернизам, кој не вреска толку.
Повторно се забележува симбиоза меѓу старото и новото, но во случајот повеќе се бара функционалност на просторијата, отколку да се постигне идеална геометриска совршеност.
Истражете ги спалните за милиони во галеријата.