Четиринаесет студенти загинати во сообраќајка во Шпанија

од desk3
63 прегледи

Четиринаесет луѓе загинаа и 30 се хоспитализирани по сообраќајка на автобус кој превезувал студенти во јужна Шпанија на меѓународна размена, соопштија каталонските власти.

Студентите биле на размена на Универзитетот во Барселона во рамки на програмата Еразмус.

Catorce-muertos-al-chocar-un-autocar-y-un-coche-en-Freginals-Tarragona

Несреќата се случила на околу 150 км. јужно од Барселона недалеку од гратчето Фрегиналс кога автобусот се враќал од традиционален фестивал во Валенсија.

– Во автобусот имало 57 луѓе заедно со возачот. Четиринаесет загинале, 43 се повредени од кои 30 се во болница, соопшти полицијата./MИА