По делумното повлекување на руската група од Сирија едно од преостанатите прашања е што ќе се случи со сириските Курди. Џон Кери вети да ги вклучат во преговорите во Женева, но по последните реверви на Обама кон Турција тоа може и да не се случи, пишува информативниот сајт за Курдите и Курдистан riataza.ru.Автономниот ирачки Курдистан сепак е постојан катализатор за соработката меѓу Курдите и е пример за сириските Курди да ги следат, а потоа ќе се побунат и Курдите во Турција – ситуацијата е нешто помеѓу “синдромот на отскокнувачки садови” и “домино ефектот”. Конечно вчера, 16 март, се счли она што ден пред тоа се прогнозираше: сириските Курди објавија автономија во северниот дел на земјата во рамките на државата Сирија.
Очекувано и праведно. Курдите се најголемото етничко малцинство во Сирија. Нивниот број, според Minority Rights Group International (MRG – меѓународната организација за заштита на националните малцинства), сочинува од 10 до 15%, односно 1,5 – 2 милиони луѓе, но може да се покажат и повеќе.
Курдите се еден од најголемите етноси во светот (околу 30 милиони), лишен од правото на самоопределување и државен суверенитет. Тие компактно живеат главново историската област Курдистан, која ја зазема прекуграничната територија во југоисточна Турција, Северна Сирија, северен Ирак и дел во северозападен Иран.
Најпознатиот Курд ширум светот е султан Саладин. Салах ад-Дин е почесно име, и значи “побожност на верата”. Фактичкото име на овој султан на Египет и Сирија всушност е Јусуф ибн-Ајјуб (Јусуф, син на Ајјуб). Талентираниот војсководец во 12 век ги уништил крстоносците крај Хатин и го зел во заробеништво кралот на Ерусалимската кралство, големиот мајстор на витешкиот ред Темплари и многу други витези. Саладин не се одликувал со суровост и дури се спријателил со англискиот крал Ричард Лавовско срце.
Се менуваат ли границите на Блискиот Исток?
Пред неколку години турските тајни служби ја оценуваа бројноста на курдските вооружени формации на 150 илјади луѓе. Според податоци на самите Курди, нивните паравоени формации во ирачки Курдистан (Пешмерга) – преведени како “сепаратисти” или “испратени на смрт” – бројат 60 илјади борци и команданти. Според западни извори се водат 200 илјади војници.
Според воени аналитичари, бројноста на Пешмерга практично не отстапува на владината армија на Ирак и неколку пати се занимваше со ИД.
Според новинската агенција “Регнум” основното огнено оружје во Пешмерга е автомат Калашников, се среќаваат и американски автоматски М16, германски G36 и G3. Тенковите главно се руски – не помалку од 250 бројат Т-55-ки и околу 30 понапредни Т-72.
Во согласност со уставот на Ирак, Курдистан може да има своја армија и на централната ирачка армија е забрането да влегува во територијата на Курдистан. Во секој од Обединетите пешадиски баталјони има 3-5 илјади борци. Постојат неколку баталјони специјалци, тешка артилерија, воено министерство и штабови – вкупно околу 120 илјади луѓе. Во наредните 5 години силите на Пешмерга треба да бројат 200 илјади луѓе.
Пешмерга војуваа на страната на САД и коалицијата на северниот фронт во војната во 2013 година. Тие играат важна улога во гарантирањето на безбедноста во Курдистан и другите делови на Ирак.




