Новата стратегија на ИД за насилство

од desk3
86 прегледи

 

Со месеци руски воени единици нанесуваа удари против т.н.. “Исламска држава” во Сирија. ИД претрпе сериозни загуби, но не беше елиминирана. Џихадистите едноставно ја сменија својата стратегија-пишува DW.

0,,19105978_303,00

Заканата од ИД е толку голема што против неа мора да биде подигне заштите ѕид. Засега укрепителниот објект, изграден од ирачките работници околу Багдад, е долго околу сто километри. Предвидено е сепак ѕидот да го огради целиот град. Жителите му се надеваат дека така конечно ќе бидат добро заштитени против самоубиствените напади од т.н.. “Исламска држава” (ИД).

Нејзините борци извршија во последниве недели бројни крвави напади. Во почетокот на март бомба, активирана од возач на камион, уби 50 лица, а уште толку се повредени. Малку пред тоа двајца бомбаши се саморазнесоа на пазарот во еден од шиитските квартови на Багдад и убија 70 луѓе. Само во февруари поради самоубиствени напади во Ирак загинаа близу 670 луѓе.

Бенефитот од ѕидот што се крева во моментот е оспоруван. Тој едвај ќе помогне многу, откако терористите можат да купат на пазарите во градот сè што им е потребно за изработка на експлозивни направи. “Во Багдад и околината на градот има многу сунити кои ја симпатизираат ИД”, посочува пред електронското списание “Ал Монитор” Саад Матлаби, шеф на Комитетот за безбедност во градскиот совет. “Силите за безбедност сепак се беспомошни, бидејќи дел од политичката опозиција во земјата ги брани сунитите”, вели тој. Сунитите се чувствуваат загрозени од шиитите, кои доминираат политички во земјата од соборувањето на Садам Хусеин . А ИД искористи токму од овие нивни стравови.

Што се случува во Либија?
“Но, тоа не зборува нужно за силата на ИД”, вели Штефан Розини, експерт за Блискиот Исток од Германскиот институт за глобални и локални истражувања (GIGA) со седиште во Хамбург. Во последните месеци ИД е под се поголем притисок – особено во Сирија – и загубила прилично градови, територии, извори на приходи и важни набавни патишта. “Ова ги натера исламистите да ја менуваат стратегијата на насилство. Терористичката организација започна да се дружи со други џихадистички милиции и да врши атентати и во други земји”, истакнува експертот. На таков начин тоа создава кај своите борци впечаток дека е сè така успешно. “На крајот сепак ИД е притисната во моментов кон повлекување и губи територии”, посочува рози во разговор со Дојче веле.
Сега џихадистите се обидуваат да ги компензираат загубите, дејствувајќи во други земји. Во моментов главно во Либија, каде што им се многу услови за лесно дејсвување. Таму со месеци наназад се водат битки за формирање влада на национално единство. Но таква влада се уште нема, иако течат интензивните преговори со посредство на ОН. Истовремено ИД го користи вакумот во власта и го проширува своето влијание во земјата.

Зошто платите не растат?

Терористичката група ги тера млади мажи од магребските земји кои се подготвени да се приклучат на неа, да не одат во Сирија или Ирак, туку во Либија. Францускиот “Ле Монд” информира во крајот на февруари, дека француски, британски и американски специјални единици дејствуваат против ИД во Либија. Само што операциите се водат прикриено. “Во никој случај не сакаме интервенција во Либија”, цитира весникот вработен од круговите на националната одбрана, кој побарал да остане анонимен. Целта не е да се води отворена војна, туку да се спречи ИД да ја зајакне и прошири својата власт во земјата, посочува францускиот весник.
“Борбата против ИД во Либија е важна, сепак и по уште една причина”, истакнува експертот Розини. “Исламистите се обидуваат да создадат впечаток за постојана експанзија, се здружуваат со други џихадистички организации и го прошируваат периметарот на акција со напади во други блискоисточни земји, а и во Европа. Овие чекори треба да покажат на светот дека ИД сеуште е силна и би можела да дејствува насекаде “, објаснува тој.

0,,19077195_401,00
ИД уште не е поразена

“Истовремено како ИД, така и други џихад групи можат да се потпрат на нови волонтери. Ова се должи на катастрофалната економска состојба на многу земји во регионот”, истакнува блискоисточната експертка Џејн Кининмонт од лондонскиот тинк-тенк “Чатам хаус”. “Ова, за возврат го поттикнува развојот на религиозно мотивирани идентитети и ривалства. Слични идентитети и ривалства се засилија особено во Ирак по американската инвазија во 2003, а и во Сирија од почетокот на граѓанската војна”, истакнува експертката.

Шиитите и сунитите традиционално одржуваат мирен соживот, но сегашниот тренд решително оди во обратна насока, смета Кининмонт.

Според Штефан Розини, во тоа се крие опасност и за Европа. Со напади ИД може да се обиде да подгрева омраза кон муслиманите во Европа и на таков начин да промовира муслиманите да се вратат кон “Исламска држава”. “Во ИД имаше бегалци, кои и пред наметнување на доминацијата избегаа во Европа и беа жигосани како отцепници и неверници. Сега сепак ИД се обидува да ги примами назад”, истакнува експертот.

Со месеци руските воздухопловни единици нанесува удари против ИД. Со тоа сепак исламистите далеку не беа поразени. Факт е дека тие привлекуваат нови и нови симпатизери и волонтери во своите редови. И токму на тоа би требало да се стави крај.