(ФОТО/ВИДЕО 18+) Филм снимен прикриено покажува како убиваат луѓе и силуваат жени по улиците во Ријад

од desk3
98 прегледи

Пет обезглавени тела на крадци се закачени на јаже и се врзани високо меѓу станбени згради. Тие стојат таму со денови. Жена е обезглавенљ на улицата со меч од полицајци. Таа е обвинета дека ја убила ќерка си. Пред да и ја пресечат главата жртвата успева само да извика: “Не сум јас”. Тоа се шокантни снимки од контроверзниот филм “Саудиска Арабија: Без прикритие”, пишува “Дејли мејл” .Филмот го покажува вистинскиот живот во Саудиска Арабија. Живот, каде што насилството и жестокоста се секојдневие. Тој ќе види бел свет утре и е дело на компанијата Hardcash Productions и ќе биде емитуван на ITV.

saydi2(1)

Филмот е направен за шест месеци и само поради храброста на продуцентите и на саудиски активисти кои снимале тајно. Компанијата која го прави филмот, е истата, која пред 36 години го пушти злогласниот филм за смртта на саудиска принцеза и нејзиниот љубовник- егзекутирани за прељуба.

Друга морничава сцена покажува како џелатот, облечен во бела одежда, само во еден удар ја сече главата на маж, окован со лисици. Егзекуциите главно се прават на место во главниот град на Саудиска Арабија – градот Ријад, наречено плоштадот “Крк- Крк”. Шеговитото навидум име е поради стотиците смртни казни исполнети таму. .

saydi3(1)

Кадрите покажуваат како мажи силуваат жени на улица, а полицијата се прави дека не ги слуша извиците на жртвите. Во друг момент камерата се пренесува во супермаркет. И таму клиент маж турка на земјата жена без никаква видлива причина. Тој почнува да ја корне и удира, но никој од персоналот не и доаѓа на помош.