[РЕЦЕПТ] Филе од лосос со сенф

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Состојки:
4 филеа лосос
сенф
сол, црн пипер
1 чаша лебни трошкиf046d3bf8c6c14f687ab02e12605c30f

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги рибните филети во тава со хартија за печење со кожата надолу. Зачинете ги со сол и црн пипер. Потоа намачкајте со сенфот и врз секое парче посипете великодушна количина од лебните трошки. Лебните трошки направете ги со тоа што во кујнски робот ќе ставите неколку парчиња леб, а потоа ќе ги сомелете фино.

Конечно со малку стопен путер и со помош на лажичка напрскајте ги трошките. Печете до подготвеност на рибата и додека се формира златна кора. Послужете со гарнир по ваш избор.