ФБИ: Хакерите може да ги нападнат и автомобилите

од Марта Пешевска
92 прегледи

Минатата година двајца безбедносни експерти успеаа преку компјутер да ја превземат контролата на еден автомобил во кој се наоѓаше новинар на Wired. Иако сето тоа беше договорено однапред, сепак новинарот се изненади и се исплаши откако повеќе не можеше да го контролира возилото во движење.

fbi-predupreduva-hakiranje-avtomobil-tocka-2016-02

Поради тоа Fiat Chrysler повлече 1,4 милиони автомобили, кои не можеа да се заштитат од хакерскиот напад.

ФБИ ги предупредува возачите да внимаваат и ги повикуваат сите лица на кои што им биле хакирани автомобилите, веднаш да се јават во ФБИ.

Од федералното биро нагласуваат дека поради поврзаноста на автомобилите со интернетот, важно е возачите и производителите да бидат свесни на потенцијалните сајбер безбедносни закани.
ФБИ  советува дека секогаш треба да се внимава да биде инсталирана последната верзија на софтвер и треба да се внимава при модифицирањето на софтверот. Исто така, мора да се внимава и на апликациите кои се користат во возилото.

ФБИ наведува дека сајбер криминалците ќе испраќаат лажни пораки во кои ќе ги предупредуваат сопствениците на возилата дека треба да го надоградат софтверот, а во самата содржина на пораката би можело да има малициозен софтвер.