Сексот е нормално и човечко искуство кое поврзува две лица. Тој не е некое посебно таинство, тукуизраз на интимност, приврзаност и нежност.
Желбата за секс сепак може да стивне со времето, затоа треба пламенот да биде постојано подгреван. Кои се златните правила за неверојатен секс дури по долги години врска?
Нагласување на бакнежите
Не заборавајте на бакнежите колку и да е долга врската. За време на секс бакнувајте го партнерот како да го правите тоа за прв пат. Изучувајте го неговото тело со усни. Ова ја покажува не само приврзаноста кон него, но и желбата да го доживувате повторно и повторно она што сте го искусиле во почетокот на врската кога страста била силна и огнена.
Бидете отворени за нови сексуални желби
Всушност, нови или стари – нема никакво значење. Најважно е да обраќате внимание на тоа што го сака вашиот партнер, што сака и истовремено со тоа вие да му ги прикажете вашите желби. Така сексот ќе задоволува. Желбата нема да се смирува, независно од тоа колку време сте заедно.
Направете го сексот со партнерот приоритет
Лошо е кога си измислуваме разни изговори за да немаме секс. Ни се спие, изморени сме, нè боли глава, имаме проблеми во канцеларијата, децата се болни, родителите ќе доаѓаат на гости или само сакаме да поминеме малку повеќе време со пријателите, наместо со партнерот.
Секој има и такви моменти, но ако тие се претворат во начин на живот, близината меѓу вас ќе почне полека да се распаѓа. Наместо тоа не откажувајте се од секс со партнерот со некакво глупаво извинување. Направете го само во краен случај, кога навистина не ви е до секс.
Мрзливоста и одбивањето го убиваат и сексот, и врската.
Пробувајте по нешто ново
Убаво е да се внесуваат и по малку новитети во сексуалниот живот. Во почетокот на врската обично немаме потреба од којзнае какви разновидни и експерименти, бидејќи сме обземени еден од друг.
Но, со текот на времето сексот како многу други аспекти на односот да почнуваат да “фаќаат прашина”.
На помош доаѓаат новите секс пози, секс играчките, игрите, предизвиците и промената на местото на кое имате секс. Варијантите се многу. Откријте ја најсоодветната за вас.
Бидете реални
Мит е дека прекрасниот секс едноставно се случува. Вистината е дека треба да се потрудите за да се случи. Сексот е активно, не пасивно поминување во кое и двајцата партнери треба да дадат се од себе за да го задоволат другиот. Само така се добива вистинската хемија и двете половини одеднаш генерално го добиваат она од што имаат потреба.
Задржете ја мистеријата
Колку и добро да се познавате, убаво е да има одредена доза мистерија. Не откривајте апсолутно сè пред партнерот. Бидете мистериозни. Изненадете го. Немојте да бидете отворена книга, бидејќи интересот се одржува токму со мистерија. И тука воопшто не станува збор тоа да давате прилики за љубомора. Само бидете интересни и предизвикајте љубопитност.