
Министерството за финансии во услови кога каматните стапки во цела Европа паѓаат, вклучително и референтната каматна стапка на Европската централна банка која е на историско најниско ниво од 0.05%, за само 1 една година енормно ги зголеми каматните стапки на државните записи. На денешната аукција на државни хартии од вредност, со која се запишаа 93.6 милиони евра, каматните стапки на 6-месечните и 12-месечните записи се зголемени за 84% и 53% соодветно.
Ако 6-месечните записи кои доспеваат за враќање оваа недела пред 6 месеци беа запишани со каматна стапка од 1.25%, денес за истите да бидат вратени се запишани нови со каматна стапка од 2.3%. Слично е и кај 12-месечните записи. Ако пред една година каматната стапка изнесувала 1.7%, денес за истите да бидат вратени, Министерството за финансии запиша нови записи со рок на враќање од една година, ама сега со каматна стапка од 2.6%.
Сето ова е доказ повеќе дека оваа власт не втурнува во уште подлабоко должничко ропство со континуирано зголемување на јавниот долг и зголемување на каматните стапки.
Вишиот управен суд со својата небулозна одлука овозможи дополнително време за нови, поскапи задолжувања на грбот на сите граѓани.
Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии