Што остана од револуцијата на Кастро

од desk3
107 прегледи

 

Барак Обама нема време и брза. За разлика од Раул Кастро, кој ја притиска сопирачката. Очигледно за нормализирање на односите меѓу Куба и САД ќе се покаже подолг процес отколку некој би посакувал- пишува DW.

0,,19132623_303,00

Толку е убаво, што дури не е за верување. На плоштадот на револуцијата во Хавана звучи американската химна. Американскиот претседател и кубанскиот лидер заедно на воената парада. кога ги инаугурирале никој од нив не сонувал за вакво приближување меѓу Куба и САД. Чудото сепак е сторено: леденото доба во билатералните односи останува во минатото, а она што е останато од него, е само мал (идеолошки) купче снег, која продолжува да се топи. До кинење на кубанската-американската пролет сепак ќе помине уште доста време. Бидејќи старите револуционери во Хавана може и да ги фрлиле старите идеолошки одежди, но не се откажале од барањето за политичката власт.
Од кубанската револуција во 1959 година Комунистичката партија на Куба се етаблира како бастион во противењето на САД. Кубанските раководители и до денес ги оправдуваат економските проблеми на земјата со изреченото од САД ембарго и ја легитимираат еднопартиската доминација со “САД закана”. Речиси 30 години по падот на Берлинскиот ѕид, идеолошките столбови на кубанската револуција се сринати. Но од урнатините на социјализмот, наместо демократија по американски образец, се наметнува прагматизмот на поранешните револуционери, кои се борат за политичко преживување.

Прагматизам наместо идеологија

Американскиот претседател Барак Обама го разбра тоа и ја опиша Куба како симболична арена на САД за битка за повеќе човекови права и демократија. Тој повеќе нема интерес да ги води старите идеолошки војни, почнати уште кога тој не бил роден. Наместо тоа Обама се обидува да склучи договор со Кубанците и да обезбеди присуство на американски компании на островот, пред да падне ембаргото.
Раул Кастро се соочува со тешката политичка задача да се префрли на страната на политичкиот прагматизам. Тој, сепак, ја има потребната легитимација меѓу комунистичката врхушка за оваа промена на курсот. Времињата кога Советскиот Сојуз купуваше кубански шеќер и ја снабдуваше земјата со потребната енергија, поминаа неповратно. Хавана веќе не може да смета на солидарноста на Венецуела. Што ги прави односите со САД уште поважни. Економскиот опстанок на Куба во голема мера зависи од дознаките на двата милиони Кубанци во Флорида.

А Раул Кастро нема многу време – во 2018 година тој ќе се повлече, објави самиот Кастро. Во исто време тој не сака да го испушта од контрола “нормализирањето” на односите меѓу САД и Куба. Во таа смисла едно брзо приближување меѓу двете земји е спротивна на неговите интереси. Затоа и збратимувањето меѓу Кастро и Обама би било премногу добро за да биде вистина.