Состојки:
10 печурки
1 тегла песто
50 г пармезан
Подготовка:
Отстранете ги дршките и наполнете ги печурките со пестото. Потоа со помош на нож, ренде или ноже за лупење исечете од пармезанот неколку фини парчиња. Ставете ги печурките да се печат во загреана рерна на 180 степени.
Кога ќе се речиси готови (по околу 10-15 минути) ставете врз секоја печурка пармезан и повторно запечете за неколку минути.