Полицијата се уште трага по осомничениот за крваивиот напад на аеродромот “Завентем”

Властите во Белгија ја продолжуваат потрагата по третиот маж од аеродромот во Брисел, за кого се смета дека е поврзан со бомбашките напади од вчера. Осомничениот Нахим Лакрауие сеуште е на слобода, објави Ројтерс, повикувајќи се на белгискиот весник DH.
Нахим е поврзан и со нападите во Париз од ноември минатата година. Во понеделникот истражители открија дека неговата ДНК е откриена во дувлото на напаѓачите од француската престолнина. За него исто така е јасно дека тој патувал во септември 2015 година до Унгарија заедно со парискиот бомбаш Салах Абдеслам. 
Како што локално.мк соопшти белгиските медиуми ги објавија имињата на двајцата камикази кои се разнесоа на аеродромот “Завентем” во Брисел. Ова се браќата Калид и Брахим ел-Бакраоуи кои само пред една недела успеаја да и избегаат на полицијата по пукање за време на антитерористичка операција во белгиската престолнина.