(ГАЛЕРИЈА) Во цветната куќа на дизајнерот Џереми Скот

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Дизајнерот Џереми Скот живее можеби во една од најживописната куќи во Лос Анџелес, каде футуризмот и уметноста се слеани во вистинска хармонија.5b170aa5998dd2f4634ff19446c8863a

Креативниот директор на италијанската модна куќа Moschino живее во мал дом на еден од ридовите над ЛА.

Овој месец тој пушта тим на списанието Vogue во цветниот дом, демонстрирајќи дека средината во која живее, одговора точно на неговиот вкус во однос на дизајнот и поп културата.

Џереми вели дека пред неколку години бил толку инспириран од начинот на живот во Лос Анџелес што решил да се пресели да живее во овој град, бидејќи во Париз се чувствувал како вистински аутсајдер. ”

Само за неколку години Скот успеа да ја претвори  Moschino омилена марка на ѕвезди како Ријана, Лејди Гага, Бритни Спирс, Мајли Сајрус и дури Мадона.

Тој и до ден-денешен останува познат по својата лимитирана колекција патики со крилја за Adidas, која многу прецизно ја покажува неговото “летачка” имагинација.

За да го видите оригиналниот дом на дизајнерот, посетете ја галеријата.