По нападите во Брисел вниманието повторно се насочува кон прашањето за безбедноста на аеродромите. Можно ли е воопшто да се спречи бомбаш-самоубиец да влезе во аеродром, за да убива и осакатува?
Во 2003 година, британската влада нареди на армијата да користи тенкови за заштита на лондонскиот аеродром “Хитроу”, откако соопшти дека добила веродостојни и “застрашувачка” закана за патниците на аеродромот.
Месец подоцна туроператори велат дека тоа е “ПР катастрофа”, пишува Том Сајмондс, ББС. Американските патници кои патуваа низ “Хитроу”, помислија дека Велика Британија објави воена состојба и резервациите нагло се намалија.
Три години подоцна беше воведена забраната за внесување на течности во авион и тоа доведе до долги редици и ги принуди аеродромите да менуваат процедурите за безбедност. Ова правило се уште е во сила и создава непријатности за патниците.
Заострувањето на мерките за безбедност секогаш има одредени последици и како што гласи максимата, ако е потребно да го менуваме живот, значи терористите победиле. Добиваат така што безбедноста при патувањето со авион е секогаш компромис.
Генерално аеродромите се дизајнирани околу јасно дефиниран “периметар” за безбедност – главниот контролен пункт, каде се проверуваат документите на патниците, каде тие биваат скенирани за скриените предмети, а понекогаш им се земаат и примероци од рацете за траги од експлозив. Потоа тие влегуваат во “зоната само за патници”, која практично е безбедна.
Ставрев: Да излеземе сите од зимата на нашето незадоволство
Тоа ги чува како авионите, така и аеродромот. Бомбите во Брисел беа разнесени надвор оваа безбедна зона, на терминалот пред проверката за безбедност.
Патниците ќе запрашаат зошто нема скенери за проверка на влезот на аеродромот или на влезот кон паркингот.
Не треба ли тогаш да се префрли периметарот за безбедност?
Проблемот е што тоа само ќе го премести местото каде се формираат редици. А тие се идеална лесна цел за терористите.
Експертот за безбедност Филип Баум, автор на книгата “Насилство во небото. Историја на киднапирања и бомбашки напади”, дури и нуди периметарот да биде преместен во спротивна насока – кон излезот за заминување, каде патниците се качуваат на авионот.
Оваа одлука може да биде поскапа, бидејќи ќе биде укинат централниот модел за организација на безбедноста.
Но од друга страна вработените ќе можат да обрнат поголемо внимание на тоа кој за каде патува и ќе можат да се фокусираат на одредени дестинации и патници,кои претставуваат поголем ризик.
Ова се нарекува профилирање и некои експерти се колнат во ефикасноста на овој метод.
Аеродром “Бен Гурион” во Тел Авив, што често е даден за пример како сигурен во светот, се потпира на профилирање. Патниците се внимателно следени и детално испрашувани за нивниот идентитет и крајната точка на нивното патување. Тоа дава резултат, бидејќи овозможува периметарот за безбедност да биде пофлексибилен и непредвидлив.
Но оваа техника често бива критикувана како “политички некоректна”, бидејќи повеќе внимателно се проверуваат луѓе кои не се со бела кожа и кои патуваат од и за “незападни” земји.
Патниците се жалат дека биле принудувани да одговараат на лични прашања, па дури и да пренесуваат лични предмети кои според проверката можело да се опасни. Понекогаш тоа може да е многу досадно.
Оваа техника буди особена загриженост во европските земји – иако по британските аеродроми има практика да се прави познат анализа на однесувањето на патниците.
Филип Баум смета дека треба да “премине” негативниот став и противењата, но и дека вработените за безбедност треба да бидат повнимателни.
Не смее да се дозволи терорист со автомат “Калашников” да може да влезе внатре во терминалот на аеродромот, наведува тој. Баум исто така смета дека треба почесто да се користат и кучиња обучени за откривање експлозиви.
Британската влада истакнува колку е важно доброто разузнавање, за да можат мерките за безбедност да бидат зголемувани при закана, како што се случи по нападите во Брисел. Кога опасноста ќе одмине, тие соодветно можат да бидат намалувани бидејќи е невозможно патниците по воздух да бидат целосно заштитени. А дури и да беше, има уште многу други места со големи купишта на луѓе кои можат да ги заменат аеродромите како цел.
