Пропагандата на Кремљ има потреба од непријатели, а руското правосудство е маша во нејзините раце . Украинскиот воен пилот Надја Савченко е на најсвеж пример за тоа,пишува DW.
“Војната нема женско лице”, пишува белоруската носителка на Нобелова награда за литература Светлана Алексиевич. Во 1983 година таа издаде книга со портрети на жени, кои se бореа во Втората светска војна за Црвената армија. Со оваа книга таа издигна достоен споменик на оние храбри жени, кoи ja бранеле татковината од германските нацисти. Повеќето од нив, сепак тогаш не се сметале за хероини.
Војната во Украина сепак има едно “женско лице” – Надја Савченко, хероината на Украинците, која во 2014 година ја бранеше својата татковина против руските агресори. Руската држава ја смета воениот пилот Савченко за убиец. Судот во Ростов на Дон ја осуди на 22 години затвор.
Смислен процес
Пресудата е неправедна, макар да се потпира на руското право и закони. Пресудата беше изречена од провинциски руски судија, но таа носи читлив политички ракопис на раководството во Москва. Целата процедура беше еден смислен светкав процес. Обвинетата беше прогласена за државен непријател, а медиуми и политичари ликуваа против неа. Покрај тоа останаа неразјаснети околности околу нејзиното задржување. Судот не ги почитува и аргументите на заштитата од спротивставените докази на обвинението, затоа пак ја држеше обвинетата под постојан притисок. Дури и за време на завршното нејзино излагање.
Радован Караџиќ за BIRN: Очекувам да бидам ослободен!
Правда во служба на пропагандата
Пресудата треба да ја демонстрира моќта на државата. Треба да заплашува. Но најмногу оваа пресуда подлежи на логиката на пропагандата. Кремљ имаше потреба од оваа пресуда, за да може конечно да го докаже она што го втемелуваше во главите на луѓето од почетокот на војната. Имено, дека Украина претставува опасност за Русија.
Савченко се вклопува одлично во оваа искривена пропагандна слика. Како учесник во доброволен воен одред, таа била одговорна за смртта на двајца руски новинари. Од “омраза и непријателство” таа ги предала на украинската армија координатите, против кои бил отворен оган, пресуди судијата. Сеуште руската пропагандна машина, на чело со Путин, пренесува дека војната во Донбас се води само од Украинците. При тоа одамна е докажано учество на руски војници и воена опрема во борбите во источна Украина. Без нивно учество воопшто немаше да дојде до војна. Според податоците на ОН, во војната загинале 9 илјади луѓе. Меѓу нив, за жал, се и двајцата руски новинари.
Русија има потреба од непријатели, но произведува херои
Савченко не е единствената Украинката земена на пик од Кремљ. Минатата година руски суд го осуди на 20 години затвор режисер Олег Сенцов и еден негов истомисленик. Од Киев тврдат дека ваквите спектакуларни процеси се водат против уште десетина Украинци во Русија.
Луѓето стануваат жртви на пропагандата. Кремљ има потреба од виновни, за да не прашаат луѓето зошто нивната земја војува во Украина. И руското правосудство, озлогласено по тоа дека судското самоволие воопшто не му е туѓо, е најсоодветната алатка за тоа. Руските опозициски политичари секогаш биле негова цел. Но сега на преден план излегуваат Украинците.
На овој начин Русија ги труе не само односите со Украина, но и односите меѓу луѓето. И истовремено создава нови ликови. Надја Савченко е нивното женско лице.
