Социјалната мрежа фејсбук објави борба на “фантомите” регистрирани со украдени имиња и идентитети.

Процесот е целосно автоматизиран, алгоритми ќе бидат во состојба да го препознаат „тролот“, односно лажниот профил кој имитира реална личност и со тоа има намера да нанесе штета. За потврда за тоа дали навистина се работи за лажен профил, Фејсбук ќе побара од реалниот корисник на профилот да ги верифицира своите податоци и на тој начин да го открие профилот кој се претставува лажно во негово име, вели првиот човек задолжен за безбедноста на социјалната мрежа, Антигон Дејвис.
Наводно оваа опција е воведена поради бројните случаеви на виртуелно злоставување, посебно тоа е случај кај жените кои имаат големи непријатности затоа што некој сосема друг се претставувал во нивно име.
Новата опција моментално е достапна во 75% од земјите каде што е проширена најголемата социјална мрежа на светот со тенденција набрзо да биде достапна насекаде во светот.