„Армани“ се откажува од природното крзно

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

Модниот креатор Џорџо Армани најави дека повеќе нема да користи природно крзно во неговите колекции, бидејќи „благодарние на технолошкиот напредок, повеќе нема никакво оправдување за бруталност врз животните“.армани

Тој нагласи дека од сезоната есен-зима 2016, природното животинско крзно нема да се користи во ниту една колекција на „Армани“.

Италијанските медиуми наведуваат дека ваквата одлука на Армани се должи на ставот на неговите богати клиенти, кои се поголемо внимание посветуваат на проблемите и грижата за заштита на животната средина и животните.

По ваквата најава на Армани, се огласи претседателот на здружението „Слободно крзно“, Џон Виндинг, кој оцени дека ова е „доказ за сочуствителноста и иновативноста во иднината на модата“.

Со ваквата одлука, „Армини“ се придружува на „Стела Макартни“, „Хуго Бос“, „Томи Хилфингер“ и „Келвин Клајн“, кои веќе со години не користат природно крзно во своите колекции.