Приведени братот и сестрата на Чаушот, се товарат за фалсификување лични карти

од desk3
116 прегледи

Братот и сестрата на осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи Захир Бекири Чаушот се приведени и во моментов се наоѓаат во полициската станица во Кисела Вода, информира НОВАТВ.

Falsifikuvani-licni-karti

Двајцата се осомничени за истите дела како и Чаушот – фалсификување на документи.

Еден месец по објавувањето на аферата во „Фокус“, со која се откри дека на две тајни локации се изработувале повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, Скопското Обвинителство соопшти дека е откриена е тајна работилница каде се вршело фалсификување на документи.