Се продава „Плејбој“ за 500 милиони долари

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Познатото машко списание “Плејбој” може да биде прогласено за продажба, вклучувајќи гоиздаваштвото, веб-сајтот договорите и други средства.4732736

Проценет е за над 500 милиони долари, соопшти CNN, повикувајќи се на извршниот директор на издавачката куќа Скот Фландерс.

Првиот број на списанието, со сликата на Мерилин Монро на насловната, е издаден во 1953 година. Во различни периоди, на корицата се појавувале Синди Крафорд, Памела Андерсон и други познати Американки.

Првиот број е издаден во САД во тираж од 51 илјада во декември 1953 година. Во ноември 1972 година е продаден рекорден број списанија – над 7 милиони копии. Денес бројот не надминува 800 илјади.