(ВИДЕО) Француската полиција спречи нов напад- фатен е џихадистот Реда К.!

од desk3
74 прегледи

Уапсениот маж крај Париз , за планирање на атентат во Франција, бил осуден во Белгија во јули заедно со Абделхамид Абаауд, организатор на нападите од 13-ти ноември во француската престолнина, пишува Франс прес, повикувајќи се на полициски извори.

20160325.ekmufozqvf

Мажот, идентификуван како Реда К., бил осуден во отсуство во Брисел за тоа дека бил дел од џихадистичка мрежа која планирала да замине за Сирија, тврдат изворите. Французинот Реда К. бил уапсен во предградието Аржантој во четвртокот вечерта со мала количина експлозив . Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов рече дека уапсениот е осомничен дека е вмешан во планот на високо ниво. Казнов додаде дека нема конкретен доказ, за поврзување со заговорот со нападите во Париз или Брисел.