Комичниот актер Џејсон Бигс го покажа својот колоритен стан во Њујорк Сити, кој е исто толку шарен, колку и неговата личност.
Бигс, кој стана познат најмногу со филмовите “Американска пита” и “Девојката од Џерси”, е оженет со актерката Џени Молан од која има 2-годишен син – Сид.
Џени и Џејсон живеат во стан, кој е декориран во топли бои и е полно со игриви, уметнички акценти и со доста слики кои ја покажуваат нивната љубов кон уметноста.
Во декорот на домот двојката е констатиран најмногу мароканскиот текстил и францускиот ретро мебел.
Акцентот во дневната се отворените дрвени греди и ѕид од тули. Внатрешноста на живеалиштето е создадено со помош на дизајнерите од фирмата Wayfair.
Самиот Џејсон го дефинира својот стан со зборовите “тоа е еклектичен, непокорен и удобен”.
Истражете го стилскиот дом на Џејсон во галеријата.