Гугл ќе ги цензурира навредите на Фејсбук

од desk4
76 прегледи

Со цел да ги натера луѓето да размислат два пати пред да навредуваат на интернет, организација за ментално здравје од Австралија ја објави едукативната алатка Reword.

images (56)

Тоа е алатка на Гугл Хром,  и функционира на начин што ќе ги изменува зборовите при пишувањето на навредлива порака на интернет.

Користи сличен начин на функционирање како spell check алатката, подвлекувајќи ги сите зборови кои се сметаат за непристојни со црвена линија.

Алатката ја креираше организацијата за ментално здравје Headspace и маркетинг агенцијата Лео Барнет Мелбурн. Тие се сомневаат дека луѓето кои малтретираат на интернет ќе бидат доволно самосвесни да ја преземат алатката, но се надеваат дека ќе биде инсталирана на компјутерите во училиштата и организациите.