Во американското гратче Хоторн, Невада за првпат дрон достави автономно полна пратка.
Извршниот директор на компанијата Flirtey, производител на дронови, Мет Свини изјави дека на 10-ти март летало кое летало по програмиран пат од околу 800 метри, успеало да достави пратка во нестанбен дел на градот.
Според Свини летот бил набљудуван од пилотот и експерти, кои по потреба требало да помогнат.
Пратката вклучувала флаширана вода, храна и лекови.
“Првата испорака на пратка од беспилотен авион во еден град е значително достигнување кое нè доближува до денот кога дроновите ќе испорачуваат пратки до вашата врата”, посочува Свини.
Гувернерот Брајан Сандовал ѝ честиташе на компанијата за “успешно извршување на првата во историјата на нацијата на автономна испорака во градот.”