Спасовски во Матејче- таму ќе даде детали за синоќешната акција во Липково и Арачиново

од desk4
92 прегледи

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес во 14 часот ќе ја посети полициската станица во Матејче каде што се очекува да информира за синоќешната акција во Липковско и во Арачиново.

Спасовски: Кампот на слободата е нашата иднина

Според досегашните првични информации, акцијата била спроведена поради бегалската криза и дека полицијата трагала по мигранти во Матејче, Слупчане, Липково и во Арачиново.

Дел од медиумите пренесоа информации дека акцијата била применета како контролна мерка на припадници на терористичката група од Диво Насеље, но ова не беше потврдено.