Милијардерот Михаил Гуцелиев не соопштува колку платил за светските познати ѕвезди
Нема криза, ниту економска, ниту социјална, кога станува збор за олигарсите. Овој принцип беше докажан нагледно во Москва, каде познатиот руски бизнисмен и милијардер Михаил Гуцериев направи свадба за својот син, соопшти kr.ru. На настанот специјално беа поканети ѕвезди како Џенифер Лопез, Стинг и Патрис Каас. Самата свадба се одржа во еден од најлуксузните московски ресторани “Сафиса”, а гостите беа пречекувани со шпалир на актери облечени во егзотични костуми .
Настапите на гостите беа следени од гостите со големо внимание и повеќето од нив си направија и слики, и видео на настапите . Милијардерот не коментира што и колку го чинело пристигнувањето на ѕвездите, но сигурно не станува збор за сума помала од половина милион долари.
