Сириската и руската авијација нанесоа последни удри по три насоки по кои терористите од ИД се обидуваат панично да избегаат од Палмира. Тоа го соопшти пред минути РИА Новости, повикувајќи се на воен извор. Претходно денеска стана познато дека се ликвидирани последните жаришта на отпор на терористите во градот.

Сириската армија ја контролираат Палмира целосно. Теренски командант на “Сокол на пустината” раскажува за RT за последните часови од битката.
“Успеавме да ја опкрима и превземеме Палмира, без оглед на тоа што терористите ги минираа сите патишта. На одделни делници направивме премини низ кои поминавме, а деминирањето на останатите делници продолжува”, објаснува тој.
Командантот додава дека победата е овозможена со директната поддршка од руските ВКС.
“За оваа победа ние се заблагодаруваме на претседателот Путин, кој и помогна на нашата земја и на нашата армија, за разлика од другите земји во борбата против терористите. Велиме големо благодарам, ние многу го почитуваме и сакаме рускиот народ”, вели теренски командант.