Последната полициска акција во неколку скопски и липковски села населени претежно од Албанци има за цел заплашување на населението. Ова за Алсат го тврди Народниот правобранител, Иџет Мемети, според кого, изјавата на министерот Оливер Спасовски беше конфузна. Мемети им порачува на носителите на функции да стават крај на начинот како ја користат полицијата.
„Времето покажа дека разни политички партии користејќи ги институциите и нивните политички позиции, ја злоупотребуваат полицијата, дури и од етнички мотиви, бидејќи граѓаните имаат чувство дека преку тоа се добиваат политички поени. Ова е недозволиво за Македонија. Не може довербата на граѓаните во МВР да се врати на ваква форма и со ваков начин на дејствување“, додава Мемети.
Повеќе ТУКА
