Осумте животи на Капкеик

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Сијамска мачка по име Капкеик преживеа осум дена затворена во кутија откако нејзините сопственици случајно ја испратиле по пошта во друг дел на државата.

Капкејк во кутијата се нашла заедно со порачани ДВД дискови кои од југозападниот англиски град Корнвел биле испратени во 418 километри одалечен Западен Сосекс, во јужниот дел на земјата.
1459110159332

Примачот на поштата во кутијата најде тешко дехидрирана мачка, а потоа  контактирал со Кралското здржение за спречување на суровост кон животните, барајќи помош. Од Здружението до сопственикот на мачката Капкејк дојдоа со помош на вграден микрочип.

– Кога сфативме дека исчезнала пред две недели беше најлошо, застрашувачко чувство. Ја баравме насекаде, изјави сопственичката на мачката Џули Багод, истакнувајќи дека заради сето ова се чувствува многу ужасно.

– Ставив се во кутијата и ја залепив, не знам како се најде во неа, додаде Багод. Ветеринарите соопштија дека на Капкејк ќе и биде потребно лекување, но дека брзо целосно ќе се опорави