Традиционалната парада на шапки завладеа со Њујорк

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Традиционалната парада на капи со насмеани лица под нив ја зафати централна њујоршката улица, пренесуваат светските медиуми.4736151

Велигденската Парада на капи ја затвори Петтата авенија. Поради празничниот настан најскапата улица беше затворена за автомобили, но пак беше полна со луѓе дојдени да ги забавуваат другите и себе. Парадата на капи е традиција веќе сто години, кога по црковната служба Њујорчани излегувале да прошетаат во нови алишта, а жените биле задолжително со елегантни и убави капи.

Денес луѓето се собираат на Петтата авенија и најмногу пред катедралата “Св. Патрик”, за да покажат оригинални капи, кои се вистински уметнички дела.4736152

Тие си ги прават сами, а декорациите се задолжително со цвеќиња и велигденски мотиви. Екстравагантните модели достигнуваат до половина метар висина, има и вистински животинчета. Поради парадата по Велигден во Њујорк доаѓаат и многу туристи кои уживаат и на декорација со огромни јајца и вртливиот зајак од цвеќиња пред “Рокфелер центар”.