(ВИДЕО) Видете го античкиот град Палмира по влегувањето на сириската армија

од desk3
80 прегледи

Сириската армија ја врати контролата над античкиот град Палмира, кој беше окупиран од џихадистите од “Исламска држава”. Терористичката група го држеше античкиот град близу година.

Syria-Drone-captures-ancient-Palmyra-after-Syrian-army-enters-the-city

Според преданијата Палмира била основана од библискиот цар Соломон. Ова е еден од најбогатите градови на доцната антика, лоциран во оаза меѓу сириската пустина и е просперитетна како трговски центар на Патот на свилата.
Добро зачуваните урнатини кои опфаќаат три километри, се во листата на светското културно-историско наследство на УНЕСКО. Пред градот да падне во рацете на терористите сириски службеници соопштија дека успеале да изнесат стотици вредни статуи на безбедни места, стравувајќи дека тие можат да бидат уништени од дивењето на ИД. Камионот со кој била превезувана статуата “Лавот АЛТ”, бил фатен од џихадисти и така спасувањето било спречено.