Белгиската полиција објави видеозапис на кој се гледаат тројцата терористи од аеродромот во Брисел. Снимката ја покажува познатата слика со тројцата, но веќе не како стоп-кадар, туку осум секунди движење.
Прикажувањето на кадрите е поврзано со потрагата на единствениот преживеан терорист – мажот со светла облека и шапката. Сведоци кои ќе го препознаат, се повикани да побараат полицијата.
Според медиумите, тоа значи дека се побива информацијата дека третиот терорист од аеродромот е Фејсал Шефу – арапски слободен новинар уапсен два дена по нападите во Брисел. Се очекуваше испитување на примероци негова ДНК да ги докаже или отфрли сомнежите дека тој е третиот во кадрите.
Според најновата порака на белгискиот кризен центар, жртвите од атентатите на 22 март во Брисел се веќе 38 ако бидат вклучени и тројцата терористи. Три од жртвите починале во болница од здобиените повреди, прецизира министерството за здравство. Повредените во нападите се 340 лица. Идентитетот на тројца од загинатите се уште не е утврден.
Во меѓувреме стана јасно дека при апсењето на францускиот државјанин уапсен синоќа во Ротердам под сомнение дека е вмешан во планирање на терористички напад, холандските полицајци нашле муниција, пренесоа американските медиуми, цитирајќи го портпаролот на националното обвинителство.
При претресот на домот биле пронајдени муниција, пари и дрога, рече тој, цитиран од Франс прес, прецизирајќи дека не се откриени експлозиви.
Специјална полициска единица го уапси 32-годишниот француски државјанин по барање на француските власти, кои го сомничат за “учество во подготовката на терористички напад”. Се очекува уапсениот брзо да биде екстрадиран во Франција.
