Тевдовски: По 108 илјади денари на домашни фирми за ново вработување

од desk3
106 прегледи

На Македонија и се потребни промени. Промени коишто ќе обезбедат подобар живот за граѓаните. Промени кои ќе овозможат победување на сиромаштијата, повисоки плати и намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Ние напорно работевме на тоа што треба да се направи да се обезбеди подобар живот.

Што треба да се направи за да имаме обнова во Македонија, обнова на разрушеното општество и како да се подигне животниот стандард на мнозинството на граѓани , а не на една мала група на многу богати, на најбогати.

-По-108-илјади-денари-на-домашни-фирми-за-ново-вработување

Преку визијата за Македонија изминатата година сериозно ги дебатиравме нашите идеи. Оваа година уште попосветено одевме во секое место и зборувавме со работници, земјоделци , професори , бизнисмени за тоа што треба да направиме за да имаме обнова во Македонија.

Од денес од Куманово, започнуваме серија на трибини каде што ќе зборуваме за нашите идеи за обнова, за промени во Македонија, но ќе бараме и мислења, критика и размислувања од граѓаните.

Тоа што ги води промените е нашата цел за намалување на нееднаквоста и неправдата во ова општество. Како да се намали јазот помеѓу една мала група на многу богати и останатите граѓани, односно како да се зголеми животниот стандард на нашите луѓе, како да се обезбеди средна класа во Македонија.

Една од главните работи е што во Македонија мораме да ја одземеме моќта на власта и да поставиме сериозни механизми за нивна контрола преку независно судство, преку независни медиуми , преку силен граѓански сектор.

Ние сметаме дека првиот чекор што треба да се направи во ова разголување на власта е сериозно обезбедување на транспаретност во трошењето на парите на граѓаните. Тоа е првата работа.

Втората работа, во Македонија треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија. Странските не се доволни. Наш приоритет се малите и средните претпријатија. Тие мора да добијат многукратно зголемена подршка од државниот буџет за инвестиции и за отварање на работни места.

Ние имаме голем број на мерки коишто ќе поттикнат отварање на нови работни места и ќе направи редизајн на политиките за активни мерки за вработување.

Еве ќе кажам како пример една од мерките . Една од мерките ќе биде многу поразлично од ова што сега само се рекламира во медиумите како Македонија вработува. Значи, нашите мерки ќе имаат за цел прво да вбризгаат ликвидност и пари во домашните мали и средни претпријатија.

Второ, да обезбедат нови вработувања коишто имаат плати што ќе им обезбедат покривање на животните стандарди на граѓаните. И трето коишто нема да го рушат Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, односно ќе го полнат бидејќи сметаме дека само тоа ќе ни донесе сигурна иднина, односно сигурни пензии во иднината.
П1: Како ве прифаќаат граѓаните и што мислите со долгот што го имаме ?

Граѓаните бараат промени. Бараат обнова на Македонија. Бараат сериозни промени во системот. Зошто? Бидејќи јасно се покажа дека ова вака не оди. Бидејќи мнозинството граѓани се осиромашени, една група поврзани со власта се богати. Околу вашето прашање, што е со овие долгови што се трупаат. Значи, на граѓаните им е јасно, дека што ова побргу заврши, односно ова постојано расипничко трошење на власта побрзо заврши ќе биде подобро, бидејќи сега се поставува еден голем тек на генерациите. Но, ние како СДСМ имаме јасна определба, по добивањето на власта сериозно да се залагаме за повисоки плати на граѓаните, за продуктивни трошоци, значи коишто дури и по цена на задолжување трошоци, коишто со економски термин ќе имаат мултипликативен ефект. Односно ќе влезат кај граѓаните, тие ќе купуваат а тие пари ќе влезат во македонски претприатија. Значи, да има една промена и придвижување на македонската економија.

На пример, за секое мало и средно претпријатие кое што ќе вработи невработено лице, обезбедуваме директна поддржка од 108 илјади денари, на почетокот на периодот, ако се обврзе во период од 2 години да исплаќа бруто плата којашто е најмалку колку просечната или повисока од неа.
Со ова од една страна, претпријатието ќе добие сериозна поддржка на почетокот на периодот. Второ, мерката е поврзана со плати коишто се пристојни, а коишто обезбедуваат доволно пари за живот на едно семејство. И трето мерката е поврзана со плаќање, вистинско плаќање на придонесите, а не претпријатијата ќе се ослободуваат, и државата нема простор да манипулира, и да не го полни фондот за ПИОМ.
Секако, дека нашиот план, нашата програма за промени има многу други столбови, тука се како да го вратиме разрушеното образование и здраство, тука е повторно реафирмирање на евро-атланските интеграции на Македонија.
Значи мора да биде јасно дека се бориме за влез во ЕУ и НАТО. И, на крајот, но исто така многу важно, е дека ние ќе градиме едно општество, едно општество на граѓани коишто сите живеат во Македонија, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми. Бидејќи, сметаме дека само тоа ќе овозможи, иднина и економски просперитет на македонските граѓани.