Стојанче Ангелов: Поддршка за случајот “Тортура”- правдата е бавна ама ќе ги стигне

од desk4
115 прегледи

Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, изрази поддршка за Специјалното јавно обвинителство, кое денеска го најави предметот „Тортура“.

stojance-angelov-700x357

Се надевам дека обвинителството ќе го истурка случајот до крај, порача Ангелов и побара од управата на казнено- поправниот дом во Идризово да постапи согласно решението за предвремено ослободување на Бошковски од затвор.

“Акцијата докажува дека правдата е спора, но и дека ќе ги стигне виновниците кои што животински се изживуваа врз нашиот брат Љубе Бошкоски, “вели Ангелов.