ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски манипулира и ги крие спомениците на албанските дејци

од desk4
87 прегледи

vmro_dpmne_logo-24185

ВМРО-ДПМНЕ не се затскрива зад други луѓе или партии од своите постапки и одлуки. ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката за поставување на спомениците и нема да го напаѓа Жерновски кога ќе одлучи да ги постави спомениците, стои во реакцијата на владејачката партија по изјавата на градоначалникот на Општина Центар дека спомениците на албански дејци биле потпишани од претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.

Нема причина за тоа. Сите дејци кои заслужиле свое спомен-одбележје заслужуваат почит, исто како и Скендер-Бег и Мајка Тереза. ВМРО-ДПМНЕ ја знае и почитува историјата и на Македонците и на нашите сограѓани, бидејќи еден од темелите на соживотот е взаемното почитување на историјата.

Трите споменици на албански дејци се споменици на историски ликови кои немаат ништо лошо направено на Македонците. Напротив, некои од нив, како Неџат Аголи рамо до рамо се бореле со Македонците за слободата и државноста на Македонија и извршувал високи и значајни државнички одговорности во повоена Македонија и за жал истиот тој лик завршил со многу слична судбина како многу македонски патриоти уништени од комунистичкиот режим во Македонија, како на пример Методија Андонов – Ченто.

Овие три ликови со ништо не се и не може да бидат провокација за Македонците, како што со ништо не се провокација за Албанците во Македонија спомениците на Ченто, на Гоце Делчев, на Никола Карев, на Петар Чаулев, на Тодор Александров, на Павел Шатев и на сите останати поставени низ Скопје и низ Македонија.  Напротив, овие три лика заслужуваат почит за нивните активности и дела во периодите во кои живееле, како од Албанците така и од секој објективен набљудувач на историјата.

Жерновски треба да престане со конструкциите и префрлањето одговорност и треба да ја изврши работата за која е платен.

После три години од мандатот граѓаните го паметат Жерновски единствено по планот за уривање пазари за да гради бензиски пумпи и поплочувањето на сто метри улица кое го прогласи за огромен успех. Почит заслужуваат сите кои придонеле за Македонија.

Почит не заслужуваат само неработниците и манипулантите, како што се Жерновски и неговата тајфа во раководството на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.