Алармантно: Мразот на Арктикот ги сруши рекордите на топење- следуваат млазни струи и бури?

од desk4
104 прегледи

images (64)

Американската вселенска агенција НАСА објави дека мразот кој го прекрива пределот на Арктикот (Северниот пол на Земјата) во 2016 година е на рекордно ниско ниво. “Оваа година сме сведоци на исклучително топла зима. Температурите се од 5.5 до 8.3 степени Целзиусови над нормалата на Арктикот, стои во извештајот.

Arctic ice

Научникот на НАСА, Волт Мејер, во интервју за CBS тврди дека мразот на Арктикот е многу важен бидејќи делува како „клима“, односно помага при ладењето на северната хемисфера.

 –  Да ја погледнеме и водата во океаните. Темните води на океаните апсорбираат повеќе сончева радијација, што за возврат дава вода која побрзо се загрева, а таквата вода топи повеќе мраз“, рекол Мејер додавајќи дека топењето на мразот целосно ја менува атмосферската циркулација.

Според Мејер кога тој регион се загрева, односно се топи, се менува балансот помеѓу Арктикот и пониските географски ширини. Тоа ги менува временските услови, создава млазни струи и бури.

chemtrail_hole

Инаку во 2016 година височината на мразот е меѓу најниските во изминатите неколку децении. Но, со досегашните температури и тој рекорд се помести, па оваа зима е најтоплата која била регистрирана до сега.

НАСА од крајот на 1970 година врши мониторинг на Арктикот, височината на морето и мразот во таа област.