МВР: Сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност

од desk3
103 прегледи

Соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала.

oliver_spasovski-mvr-640x400

Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност и посветеност да работат на откривање на криминалите кои во последниве години целосно го уништија кредибилитетот на сите државни институции, вклучително и на Министертвото за внатрешни работи.

Министерот Оливер Спасовски ги охрабрува сите вработени во министертвото да продолжат да си ги извршуваат своите работни обврски и задачи, професионално и согласно законите. МВР веќе не е и нема никогаш повторно да биде МВРО-ВМРО.