Oткриена 9та планета на работа на Сончевиот систем

од desk4
67 прегледи

Астрономот Мајк Браун тврди дека 99,9 отсто е сигурен дека станува збор за “планетата број девет.”

download
Мистериозната деветтата планета “се движи” по должината на работ на нашиот Сончев систем, како што покажуваат новите научни истражувања.

Научниците на почетокот од  оваа година проучувајќи ги орбитите открија небеско тело кое може да се претпостави дека тоа би можело да биде деветта планета, објави “Индипендент”.

– Еј, обожаватели на планетата девет, пронајден е ексцентричен објект крај Којперовиот појас и токму на местото каде што треба да се наоѓа деветтата планета – напиша Браун на својот профил на Твитер. Тој  претходно тврдеше дека постојат доволно докази за постоење на деветта планета и врз основа на “движењето на помали објекти на мал простори надвор од нашиот Сончев систем, кои имаат орбити и влијаат на гравитацијата на новата девет апланета”.