Светската здравствена организација соопшти дека Еболата веќе не се квалификува како меѓународна здравствена опасност.

Оваа вест е соопштена во Дакар, од страна на генералната директорка на СЗО, Маргарет Чан. Меѓутоа таа нагласила дека мора да се следи будно состојбата во Западна Африка.
Инаку, од декември 2013-та година од Ебола умреле над 11 000 луѓе, главно во Гвинеја, Либерија и Сијера Леоне. Секоја од овие три земји прогласи крај на епидемијата на Ебола, но зачудувачки веднаш по тоа дошло до зголемување на заболените од оваа болест.
Здравствените власти објавија дека мажите кои ја прележале оваа болест може да го пренесат вирусот преку полов акт и до година дена после опоравувањето.