65-годишна британска туристка беше спасена од рибари на островот Мадеира, откако се обидела да доплува назад до брод закрстарење по скандалот со мажот.
“Жената била спасена во Атлантикот на полноќ во саботата околу 500 метри од брегот, треперејќи врз една мала торба”, соопштија пристанишните власти. Рибарите дошле на помош, откако слушнале извици за помош.
Според португалските медиуми жената и нејзиниот сопруг се симнале на пристаништето Фуншал и решиле да се вратат во Велика Британија поради скандалот. Британката сепак го видела испловувачкиот брод и одлучила дека нејзиниот сопруг може да размислил и да се врати на бродот. Таа скокнала во водата околу 20:00 часот GMT и запливала кон бродот. Четири часа подоцна била спасена и однесена во болница со симптоми на хипотермија. Локални телевизии јавија дека сопружниците се фатиле со првиот лет за дома.