План за промени во кинеското законодавство дополнително ќе го ограничи пристапот до веб-сајтови кои не се одобруваат од власта, пишува АФП.
Предложените нови правила доаѓаат во момент во кој Кина ја зголемува цензурата и ги принудува медиумите да ја следат уште цврсто владината линија. Промените беа објавени за јавна расправа од Министерството за индустрија и информатичка технологија минатата недела.
Тие воведуваат нови правила за употребата на т.н. домејн имиња – фактичките интернет адреси на страниците. Во најстрогиот можен случај владата ќе може да ја “цензурира секоја домен адреса, кој не е регистрирана во Кина”, изјави Локман Цуи, експерт за интернет политиките од Кинескиот универзитет во Хонк Конг.
“Само домените што се одобрени од властите ќе бидат дозволени, а оние кои не се регистрирани во Кина со новите прописи ќе се де факто блокирани.” Прекршителите ќе бидат казнети со до 30 000 јуани (4600 долари). Не е јасно дали правилата ќе важат за сите сајтови кои се хостирани надвор од Кина, но се достапни во земјата или само на оние на локални сервери.
Некои кинески извори на вести, меѓу кои и поврзаните со комунистичката партија “Глобал тајмс”, соопштија дека регулациите ќе влијаат на странски компании како “Мајкрософт” (Microsoft) и “Епл” (Apple), кои имаат сервери за услуги во Кина.
Новите правила го вклучуваат условот домен имињата да не ја “загрозуваат државната безбедност”, “издаваат државни тајни” и да не се во “спротивност националната чест”.
Според професорот Кан Кајли од Пекинг Универзитетот за пошти и телекомуникации, регулациите целат т.н. “Голем фајруол” на Кина да го ограничува пристапот до одредени странски страници како “Фејсбук” и “Гугл”. Ограничувањата на домен имињата имаат цел подобра ефикасност според професор Кен Кајли од Пекинг Универзитетот за пошти и телекомуникации.
Правилата ќе бидат предмет на јавна дебата до 25 април. Претходни контроверзни кинески закони и прописи би биле сериозно променети, во случај дека бидат силно критикувани.