Фотографот Спенсер Туник бара илјадници доброволци за гола инсталација во градот Хул, кој се подготвува да стане британски град на културата, објави “Дејли мирор”, цитиран од “Монитор”
.Масовата слика ќе биде направена на 9 јули, но ќе биде прикажана во 2017 година. Таа ќе е на тема “морето на Хул”. Телата на учесниците ќе бидат обоени со специјална козметичка боја, за да ги репродуцираат различните бои и апстрактни форми на морето пред камерата на Туник.
“Ме заинтересира историјата на градот и неговото место како пристанишен центар, како и неговиот однос со богатата историја на морепловството”, рече Спенсер уъник за новата инсталација.
“Заинтригиран сум од тоа што местата каде сега има големи улици или паркови, биле се под вода”. Бојата за тело ќе помогне на многу од учесниците да ги надминат своите грижи. Сите доброволци ќе добијат слика од инсталацијата.
