Пентагон планира да распореди тенковска бригада во Источна Европа во февруари 2017 година како дел од ротацијата на распоредените во Европа американски војници, за да ги смири своите сојузници, загрижени од заканата од една се повеќе агресивна Русија. Тоа го изјавиле анонимни американски претставници цитирани од американските медиуми.
Се очекува американската армија да прогласи денеска дека заедно со бригадата ќе испрати во Европа целосен сет на опрема, додаваат американските претставници. Претходните планови предвидуваа ротацијата на војниците, но тие мораа да користат тренинг техника која веќе се наоѓа во Европа. Според новиот предлог претходната техника ќе биде испратена за ремонтиорање, а силите на САД ќе донесат со себе понова и модерна техника при распоредување. Во тенковскатат бригада има 4.500 војници, десетици тешки машини, тенкови и друга техника. Армијата на САД ќе испрати и дополнителна комуникациска опрема за врска меѓу штабови и бригадите.
Денешното соопштение ќе има за цел и да ја смири загриженоста во Европа, каде сојузниците на САД беа чуле гласини за повлекување на веќе приложена техника и стравуваа дека тоа може да значи слабеење на американската поддршка, забележуваат американските претставници.
Западот ја става Турција во аголот, но и не ги бркаат “своите”!
Промените ќе испратат и порака до Москва дека секаква агресија против сојузници ќе биде неприфатливи. Покрај тоа, ќе бидат обзнанети детали за направените оваа година предлози за буџетот, со кои се зголемува за 4 пати воената помош за Европа и се повикува на постојано ротирачко присуство.
При посети во Источна Европа и на средби на НАТО во последните девет месеци министерот за одбрана на САД Ештон Картер вети дополнителна воена поддршка за регионот. Во јуни минатата година во Естонија Картер објави дека САД ќе доделат околу 250 тенкови, оклопни возила и друга воена техника во шест земји од поранешниот Советски блок, за да бидат смирени сојузниците од НАТО, соочени со закани од Русија и од терористички групи.
Техниката ќе биде распоредена барем привремено во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија.

Русија во пракса презеде целосна економска и политичка контрола над самопрогласена Доњецката и Луганската народна република во источна Украина, пишува пак весникот “Билд”, цитиран од рускиот “Ведомости”. Германскиот таблоид се повикува на руски владин документ – протокол од седницата на меѓуминистерска комисија во Државната дума за обезбедување на хуманитарна помош на Донецк и Луганск, кој датира од 23 октомври 2015 година
Во документот се тврди дека сепаратистичките региони во Украина практично се управувани од 6 работни групи поврзани со 5 руски министерства – за финансии, градежништво, енергетика, транспорт и за индустрија. Овие групи го управуваат финансискиот систем и наплатата на даноците во Донецк и Луганск, ги одредуваат платите, решаваат социјални проблеми, се занимаваат со обновување на индустријата и др. Врз основа на она “Билд” прави заклучок дека Донбас се администрира од Русија.
Во ова своевидно влада во сенка учествуваат рускиот вицепремиер Дмитриј Козак, заменик-министерот за економски развој Сергеј Назаров и заменик-министерот за финансии Леонид Суичери, пишува “Билд”, цитирајќи неименувани извори и експерти.
Од прес службата на Козак ги негираат тврдењата на германските медиуми.
“Билд” наведува дека на собирот на интер руската комисија присуствувал само еден Украинец – Рина Ахметов, еден од најбогатите олигарси во земјата.
Во средината на септември 2015 година “Блумберг” напиша дека секој месец Русија префрла 2,5 млрд.рубли за пензии во Донецк.
Врз основа на сето ова “Билд” заклучува дека изјавите на Кремљ за почитување на договорите од Минск за примирје во Украина се само фрлање прав во очите на Западот, додека во реалноста од крајот на 2014 година тече план за економска обнова на Донбас и зајакнување на контролата таму. Како резултат регионот се претвора во марионетска држава, чија судбина зависи целосно од Москва и хипотезата за демократски избори таму е апсурдна, заклучува весникот.
