Спомените за напади со гранати се врежани во телото на Мухамед. Телото му е начичкано со лузни, кои потсетуваат дека талибанците го зеле на нишан. Овој Авганистанец кој изгубил надеж, ќе ги довери двајцата синови на шверцери кои ќе ги одведат во Европа.
Европскиот континент никогаш не видел сличен прилив на млади Авганистанци, кои ја зајакнуваат кризата со мигрантите во Европа. Но опасностите по патот се многубројни. Младите момчиња ризикуваат да станат жртви на трговијата со луѓе или на сексуална експлоатација.
Тоа не го обесхрабрува Мохамед. “Моите деца заслужуваат да живеат во земја без напади и без убиства”, воздивнува тој. Минатата година тој одлучи да испрати две од осумте деца, на 14 и 17 години, во Германија со помош на шверцери.
Како обвинител на многу нестабилната покраина Газни јужно од Кабул Мохамед испратил во затвор десетици талибанци, што го прави омилена цел за бунтовниците.
Српски Newsweek: Во Бугарија и Хрватска се планираат терористички напади
Тој веќе преживеал два напади со гранати и добил неколку заканувачки писма со логото на талибанците. “Следниот пат ќе те убиеме”,се закануваат бунтовниците во една од овие пораки, пишува Mediapool.
Друго писмо испратено од авганистанското разузнавање, го предупредува за ризиците од киднапирање, кое надвиснува над него и неговото семејство. Ризиците се зголемуваат поради бегството на стотици наводни борци, ослободени од затворот во Газни минатата година од боен тим на талибанците. Операција која ја уништила работата на Мухамед.
“Дури и ако Европа гизатвори границите и моите синови се покажат луѓе во ничија земја, пак ќе се на побезбедно место отколку во Авганистан”, вели Мохамед, кој не сака да соопшти семејното име. “На патот ризикуваат да бидат убиени, но ако останат, ќе бидат убиени”.
Тестот со кој се соочува Мохамед, ги покажува жестоките избори, со кои се соочуваат се повеќе мирни Авганистанци, жртви на конфликтот во кој владините сили се соочуваат против талибанските бунтовници. Автобуска станица е преполна со шверцери, подготвени да понудат високи цени за своите услуги на Авганистанци, чие трпение е исцрпено.
Дури и неодамнешниот договор склучен меѓу Европската унија и Турција, што има за цел да стави крај на приливот на мигранти кон Европа, не може да ги обесхрабри.
“Можеме да си го поставиме прашањето што ги поттикнува родителите да ги испраќаат своите деца на овие незамисливо ризични патувања и да ги изложуваат на низа опасности”, коментира Сара Кроу од УНИЦЕФ.
Авганистанците се на чело во категоријата на малолетниците кои пристигнуваат во Европа без придружник. Сиријците се на прво место меѓу возрасните азиланти.
Шведска се чини особено привлечна, бидејќи има усвоено најмалку 24 000 малолетни Авганистанци минатата година.
Но откако ќе ги надминат безбројните опасности на патот кон Европа, животот таму се покажува сложен.
“Имам пријатели кои пристигнале во Германија. Тие ми кажуваат по Скајп да не доаѓам, да не си го ризикувам животот”, раскажува Хамид, 17-годишниот син на Мохамед. “Но имаме ли навистина избор?”
Тој се надева дека ќе се качи на лет за Турција, а потоа да стигне до Германија, ќе поминат низ Бугарија, избегнувајќи ги на тој начин Грција и Македонија, каде што илјадници мигранти се сопнаа во стапица, или да го преземе повеќе класичниот пат, кој поминува низ Иран и во Турција. Во моментов не специфицирал датум за поаѓање.
По зајакнувањето на контролата на границите, добивањето на виза за Турција или за европска дестинација излегува предизвик. Но егзодусот на Авганистанците ги направи барани мајсторите на фалсификати.
Една зимска утро Хамид пристигнува во туристичка агенција во Кабул. Агентот, со поглед заглавен во екранот, едвај крева глава, кога Хамид го прашува дискретно колку чини виза за Турција.
“За сами мажи е 6000 долари. Ако заминувате како семејство, по 4000 долари на секој”, одговара неговиот агент. Сумата е богатство во земја каде што просечната месечна плата е околу 100 долари.
“Но, како можам да бидам сигурен дека визата не е лажна?”, прашува Хамид.
“Визата ќе е 100 проценти автентична. Ќе видите кога ќес стигнете до аеродромот”, возвраќа раздразнето мажот зад шалтерот.
